Утрински Весник
Свет

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца

Semejstvo.webp.webp

Во 2025 година, од 203,1 милиони домаќинства во ЕУ, само 47,4 милиони, или 23,4 %, вклучувале деца. Повеќето од нив биле парови со деца (14,7 %), други видови домаќинства со деца (5,6 %) и самохрани возрасни лица со деца (3,0 %) – покажуваат податоците на Евростат.

Преостанатите 76,6 % од домаќинствата без деца се состоеле од самохрани возрасни лица (37,5 % од сите домаќинства), парови (24,1 %) и други домаќинства (15,1 %).


Помеѓу 2016 и 2025 година бројот на домаќинства со самохрани возрасни лица без деца се зголемил за 19,2 % (од 63,9 милиони на 76,1 милиони), а бројот на домаќинства составени од парови без деца пораснал за 3,3 % (од 47,3 милиони на 48,9 милиони). Спротивно на тоа, бројот на домаќинства со парови и деца се намали за 6,3 % (31,9 милион на 29,9 милиони), а другите видови домаќинства со деца се намалија за 3,5 % (11,8 милиони на 11,4 милиони).

Најмногу домаќинства со деца има во Словачка (35,4 %), Ирска (30,8 %) и Кипар (28,2 %), а најмалку во Финска (18,2 %), Литванија (18,4 %) и Германија (19,9 %).

Во 2025 година 50,2 % од домаќинствата во ЕУ со деца имале едно дете, 37,6 % имале 2 деца, а 12,2 % три или повеќе деца. Домаќинствата со едно дете биле особено чести во Португалија (61,8 % од сите домаќинства со деца), Бугарија (60,4 %) и Малта (59,5 %).

Во 14 од 27-те земји на ЕУ повеќето домаќинства со деца имале две или повеќе деца. Овој удел бил највисок во Шведска со 57,8 % од таквите домаќинства, Холандија (57,6 %) и Ирска (56,7 %).

Можете да прочитате

Маѓар: Завршува четиригодишната вонредна состојба во Унгарија поврзана со војната во Украина

Шји предупреди на конфликт околу Тајван за време на разговорите со Трамп во Пекинг

Мадуро затворската ќелија ја дели со уште 18 затвореници