Утрински Весник
Македонија

Осомничениот од Старо Нагоричане прв сериски убиец на жени, обвинителството открива нови кривични дела

Image 2026 02 25 195129229.png

Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, кој се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, открила уште четири нови кривични дела – две убиства и два обиди за убиство.

Како што соопшти денеска на брифинг обвинителот Љубомир Лапе, се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол.


Според досега објавените информации од обвинителството и полицијата, осомничениот се идентификува со иницијали Т.Б., 25-годишен жител на село Малотино (општина Старо Нагоричане).

Можете да прочитате

Муцунски повика на политичка зрелост и поддршка за реформите што се директно поврзани со европската агенда

Сиљановска-Давкова: Употребата на придавката македонски не може да се забрани

Сали учествуваше на Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда