Утрински Весник
Економија

Николоски: Доброто планирање е клучно за реализација на капиталните инвестиции

Photo 1.jpg

Со добро планирање, успеавме до сега да реализираме 75 % од средствата за капитални проекти од буџетот на Министерството за транспорт, што е одличен реузлтат. Доколку има простор, подготвени сме да потрошиме и дополнителсни средства ако буџетот тоа го дозволува, истакна вицепремиерот Николоски. 

” Многу сум задоволен од реализацијата на буџетот во Министерството за транспорт. Во делот на капиталните расходи сме некаде 75 % реализација, што е резултат на едно добро планирање што го направивме минатата година. Ако ме прашувате за следна година и за следната година очекувам иста да е состојбатa во првите месеци. Доколку има простор во буџетот, ние со тимот во Министерството сме подготвени да конзумираме поголем буџет доколку има простор”- изјави вицепремиерот Николоски.     


Можете да прочитате

Мицкоски: Ребалансот на Буџетот оваа недела треба да помине на владина седница

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 20 милиони евра, ќе отвори околу 500 работни места

МФ: Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводители