Утрински Весник
Македонија

Алиу: Странската комисија утврди сомнителни наоди кај девет случаи на кардиохируршки интервенции

20260514101157 big 730x400 24.webp.webp

Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше дека странската Комисија која ги проверувала сомнителните случаи на непотребно извршени операции или упатувања за операции, утврдила сомнителни наоди кај девет од вкупно 13 анализирани предмети.

На денешната прес-конференција, Алиу соопшти дека кај четири пациенти Комисијата оценила дека третманот бил медицински соодветен, навремен и спроведен согласно стандардите на клиничката пракса.


-Од анализираните 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени операции или непотребно упатени за операција, странската Комисија кај четири пациенти констатираше дека обезбедениот третман во целина бил медицински соодветен, навремен и во согласност со стандарди на клиничка пракса, додека кај девет случаи документација укажува на сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација, соопшти Алиу.

Како пример, рече Алиу, биле посочени несогласувања меѓу ангиографските наоди од коронографијата и писмените извештаи, по што следувале несоодветни индикации за ендоваскуларни или хируршки процедури.

Азир Алиу најави дека предметите ќе бидат доставени до Влада, како и до Јавно обвинителство  и другите надлежни институции. Случаите се од неколку приватни и државни клиники и болници во земјата.

Можете да прочитате

Лапе: Прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид во земјава, овчарот од Старо Нагоричане ќе се товари вкупно за шест убиства

Приведен охриѓанец, на сила одзел телефон на женско лице, нападнал полициски службеници и во домот поседувал дрога

Повредни две лица во сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и електричен тротинет управуван од шестгодишно дете