Утрински Весник
Македонија

Почина новинарот и поранешен директор на МИА, Живко Георгиевски

20260514082824 big 730x400 19.webp.webp

На 79-годишна возраст почина Живко Георгиевски, поранашен директор на МИА, долгогодишен новинар и дописник од странство.

Георгиевски беше директор на МИА од 1998 до 2002 година. Бил директор и на Радио Охрид во средината на седумдесеттите од минатиот век, па дописник на Танјуг и на ред други тогашни југословенски медиуми.


Кариерата во новинарството ја започнал како средношколец во весникот „Вечер“, а продолжил во младинската редакција на Радио Охрид и во други медиуми, посебно со заминувањето во Белград на студии.

По заминувањето од Охрид, Георгиевски долго ја водел македонската редакција на агенцијата Танјуг. Неколку години престојувал во Џакарта, Индонезија, како дописник од тој дел од светот.

По враќањето, станува директор на редакцијата на Танјуг во Македонија.

Пред распадот на СФРЈ го формира Македонското прес-биро, а потоа станува директор на агенцијата МИА од каде и заминува во пензија.

Живко Георгиевски ќе биде погребан утре на градските гробишта во Охрид.

Можете да прочитате

СДСМ бара оставка од Обвинителот Савевски по скандалот со телефонските нарачки од Мицкоски

Осомничениот од Старо Нагоричане прв сериски убиец на жени, обвинителството открива нови кривични дела

Алиу: Странската комисија утврди сомнителни наоди кај девет случаи на кардиохируршки интервенции