Утрински Весник
Свет

Еден загинат и најмалку 30 лица повредени во руски напад на Киев

20260514074527 big 730x400 94.webp.webp

Најмалку 31 лице е повредено во руските напади на Киев во текот на ноќта, вклучувајќи и едно дете, додека едно лице загина, соопштија украинските власти.

Шефот на Киевската воена администрација Тимур Ткаченко првично на Телеграм објави дека во нападот се повредени најмалку 16 луѓе и дека е потврден еден смртен случај, пренесе Укринформ.


Подоцна Државната служба за вонредни состојби на Украина соопшти дека бројот на повредени пораснал на 31.

Според податоците на спасувачките служби, во Дарничкиот округ се спасени 27 луѓе, додека итните екипи ја продолжија потрагата по луѓе за кои се верува дека се затрупани под урнатините на урнатиот облакодер.

Пожарникарите истовремено гасеа пожар на пет автомобили во дворот на станбена зграда на друга локација.

Отстранувањето на последиците од нападот продолжува во Оболонскиот, Дарничкиот и Голосеивскиот округ на Киев, додека надлежните служби и понатаму го утврдуваат точниот број на жртви.

Укринформ наведе дека главниот град во текот на ноќта бил цел на голем напад со дронови и ракети.

Можете да прочитате

Шји предупреди на конфликт околу Тајван за време на разговорите со Трамп во Пекинг

Мадуро затворската ќелија ја дели со уште 18 затвореници

Мадуро затворската ќелија ја дели со уште 18 затвореници