Утрински Весник
Свет

Рубио изјави дека САД сакаат Кина да помогне во решавањето на кризата во Ормуз

Ormus.webp.webp

Соединетите Американски Држави сметаат на поддршка од Кина за решавање на ќор-сокакот околу Ормуската теснина, изјави државниот секретар Марко Рубио.

– Се надеваме дека ќе ги убедиме да одиграат поактивна улога во поттикнувањето на Иран да се откаже од она што го прави сега и што се обидува да го направи во Персискиот Залив – изјави Рубио за Фокс Њуз во претседателскиот авион „Air Force One“ на пат кон Кина.


Рубио го придружува американскиот претседател Доналд Трамп на патот во Кина.

Државниот секретар рече дека Кина има неколку причини да биде заинтересирана за решавање на ситуацијата во теснецот, кој во моментов е во голема мера непрооден, забележувајќи дека и кинески бродови се заглавени во Заливот. Тој исто така укажа на извозно ориентираната економија на Кина, велејќи дека таа трпи последици од глобалниот економски притисок предизвикан од кризата во теснецот, бидејќи другите земји поради тоа купуваат помалку кинески производи.

Коментарите на Рубио беа во спротивност со претходните изјави на Трамп. На прашањето дали Шји би можел да биде од помош во војната со Иран, американскиот претседател одговори: „Мислам дека не ни треба никаква помош со Иран“.

Застојот во Ормуската Теснина, клучна рута за глобалните пазари на нафта и гас, веќе извесно време е проблем за светската економија. Иран го направи теснецот главно непрооден преку закани и напади врз танкери и товарни бродови откако почна војната на 28 февруари. САД одговорија со блокада на бродовите кои влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа.

Кина е еден од најважните партнери на Техеран и од почетокот на војната повикува повторно да се гарантира преминот низ Ормуската Теснина.

Можете да прочитате

Шји предупреди на конфликт околу Тајван за време на разговорите со Трамп во Пекинг

Мадуро затворската ќелија ја дели со уште 18 затвореници

Мадуро затворската ќелија ја дели со уште 18 затвореници