Утрински Весник
Балкан

Путин ќе ја посети Република Српска, тврди Додик

Milorad dodik 2016 mc.rs scaled.jpg

Република Српска го очекува доаѓањето на рускиот претседател Владимир Путин за осветувањето на руско-српскиот храм во Бања Лука, изјави претседателот на СНСД, Милорад Додик.

Додик вели дека храмот е практично завршен и дека сè уште има останато сликарство.


„Тоа ќе биде место каде што рускиот и српскиот свет ќе се сретнат и ќе го промовираат нашето братство и заедничката историја и вера“, рече Додик, кој неодамна беше во Москва каде што присуствуваше на прославата на Денот на победата.

Тој потсети дека храмот во Бања Лука е изграден според проектот на црквата во Кремљ, кој го добиле од Руската православна црква.

Можете да прочитате

Хрватската полиција уапси четворица осомничени за предизвикување пожари кај Задар

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина