Утрински Весник
Македонија

Филков: Очекувам целосна транспарентност од ОЈО ГОКК за  одлуката за запирање на истрагата за мазутот

Filkov.webp.webp

Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем. Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница.

Како министер за правда, сметам дека оваа одлука мора итно да биде преиспитана.


Очекувам целосна транспарентност од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и јасни одговори врз основа на кои факти и аргументи е донесена ваквата одлука.  Истовремено и пред да излезе Советот на јавни обвинители со одговор дека будно ја следат состојбата добро е да знаат дека ваквите одлуки директно ја рушат довербата на граѓаните во правосудниот систем.

Можете да прочитате

(Фото) Мерцедес се заби во автобус на ЈСП кај Чаирчанка

Животното од Козле е вистински волк, потврдија домашни и странски експерти

Мотоциклист настрада по сообраќајка во центарот на Скопје