
Соопштение за јавност на ВЛЕН:
Општо е познато дека коцкањето и индустријата на игри на среќа со години беа оставени да ги окупираат населбите и секојдневниот живот на граѓаните. Оние што денес се обидуваат да ни продаваат патриотизам, се истите што вчера им ги отворија вратите на коцкарниците, го претворија коцкањето во нормален бизнис, па дури дозволија да стигне до вратите на училиштата.
Последиците не ги плаќаат тие, туку семејствата албански, македонски, турски, ромски и секој граѓанин што одблиску го виде уништувањето што го носи зависноста од коцкање.
Ова се менува со владеењето на ВЛЕН.
Предлог-законот усвоен за игрите на среќа ги носи најсилните мерки досега против индустријата на коцкање: отстранување на казината и електронските игри на 500 метри од училиштата, забрана за реклами што го претставуваат коцкањето како успех или начин на живот, како и забрана за користење јавни личности и содржини насочени кон малолетници.
Историско е и затворањето на 358 нелегални онлајн платформи досега. ВЛЕН поставува граници таму каде што немало граници, ред таму каде што имало хаос и одговорност таму каде што со години владееше интересот на индустријата на коцкање.
Борбата против коцкањето е битка за семејството, за поздраво општество. Таа е дел од политичката визија на ВЛЕН за заштита на младите генерации.



