Утрински Весник
Свет

Иран го отфрли мировниот план на Трамп, бара репарации и целосен суверенитет врз Ормуската Теснина

Us iran.webp.webp

Иранските државни медиуми објавија дека иранското раководство го одбило предлогот на САД за прекин на војната на Блискиот Исток бидејќи претставувал повик за предавање на Техеран.

Прифаќањето на предлогот би значело дека Исламската Република ќе се покори на „прекумерните барања“ на американскиот претседател Доналд Трамп, рано утринава коментираше Press TV, радиодифузер поврзан со раководството на Иран, пренесе ДПА.

Од друга страна, планот на Иран повикува на прекин на војната на сите фронтови и наведува дека САД мора да платат воени репарации, пренесуваат државните медиуми.

Американскиот предлогот е отфрлен од раководството во Техеран, наведуваат медиумите.

Трамп претходно го критикуваше иранскиот контрапредлог за прекин на војната како „тотално неприфатлив“, потсетува германската агенција.

Претседателот Трамп за американскиот портал Аксиос изјави дека ќе го отфрли „несоодветниот“ одговор на Иран.

„Не ми се допаѓа нивниот одговор“, рече Трамп, одбивајќи да даде дополнителни детали за содржината на писмото.

Трамп не кажа дали САД ќе продолжат со преговорите, пренесе ДПА.

Според иранските државни медиуми, Техеран, исто така, побарал целосен суверенитет над Ормуската Теснина, укинување на санкциите и ослободување на запленетиот ирански имот.

Спорот околу нуклеарната програма на Иран не бил дел од одговорот, се наведува во извештаите, пренесено од ДПА.

Можете да прочитате

Во Бангладеш од 15 март регистрирани 344 смртни случаи на деца од мали сипаници

Нетанјаху за Си-би-ес: Сакам да го одвикнам Израел од американската воена помош

Вкупно 94 патници досега евакуирани од бродот „Хондиус“ зафатен од смртоносниот хантавирус