Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за пороен дожд

Vreme.webp.webp

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе достигнува брзина од над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени.


До почетокот на викендот ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во петок и сабота ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота. Во вторник ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, повремено со брзина над 60 km/h. 

Можете да прочитате

Почнува судењето на 13 полицајци за пожарот во „Пулс“

Муцунски: Западен Балкан да престане да биде „сива зона“ на Европа, да се оттргнеме од билатерализацијата на пристапните критериуми

Мавровско Езеро во пресрет на Светското првенство порибено со два тона крап