Утрински Весник
Свет

Иран доставил одговор на американскиот предлог за прекин на војната

Iran 3.jpg

Иран го испрати својот одговор на американскиот предлог, насочен кон прекин на повеќе од двомесечната војна, до медијаторот Пакистан, соопшти во недела иранската новинска агенција ИРНА.

Според предлогот на Иран , сегашната фаза од преговорите ќе се фокусира исклучиво на прекинување на непријателствата во регионот, изјавил извор запознаен со ситуацијата за ИРНА.


Извори од двете страни изјавија за Ројтерс дека најновите мировни напори биле насочени кон привремен меморандум за разбирање што би ја запрел војната и би овозможил сообраќајот да тече низ Ормутскиот теснец, додека се преговара за поширок договор што би требало да ги реши тешките спорови како што е нуклеарната програма на Иран.

Можете да прочитате

Иран им се заканува на Велика Британија и Франција

Орбан испрати порака до новата унгарска влада

Путин: Војната во Украина се ближи кон крајот