Утрински Весник
Македонија

Дожд, грмежи, силен ветер и Сахарска прашина ја зафаќаат Македонија

Meteoalarm.mk 21.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на Атмосферски фронт кој преку Алпите ќе се спушти до нашиот дел од Европскиот Континент, веќе од денес (Четврток 7 Мај 2026) па до крајот на неделава времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет  и пообилни на повеќето места ќе бидат утре Петок 8 Мај 2026.


Локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме со силен ветер, електрични празнења  и со услови за појава на град.

И во Скопје  и околината во погоре споменатиот период времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд а во делови од котлината ќе има услови  за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

За време на овој период исто така ќе дува умерен а повремено и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец а во сабота на  9 Мај 2026 ќе дува повремено засилен ветер од северен правец  и особено изразен во Повардарието.

За време на овој бран на врнежи локално ќе наврне позначително количество на дожд (над 20 литри на метар квадратен дожд).

Што се однесува до температурите тие особено утре Петок 8 Мај 2026 ќе бидат пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 23 степени а за време на викендот  и тоа особено во Недела на 10 Мај 2026 повторно ќе бидат во пораст  и особено во Повардарието и во југоисточните предели тие ќе бидат летни и ќе се искачат до околу 30 степени.

Да напоменам дека поради јужното воздушно струење од денес Четврток 7 Мај 2026 па до крајот на неделава во атмосаферата ќе ни биде присутно значително количество на Сахарска прашина  и на песок па  и атмосферата повторно ќе ни биде доста заматена  и нечиста а дождот кој го очекувам ќе биде помешан со истата, односно дождот овие денови ќе биде валкан.

Можете да прочитате

ВЛЕН: ДУИ лаже, најевтината понуда ја претставува како корупција

Кога статутот станува пречка – дали пензионерите имаат право на вистински избор?

ДУИ: Како семејниот клан на Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН?