Утрински Весник
Свет

Американските сили онеспособија ирански танкер во Омански Залив

Ormus.webp.webp

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) објави дека американските сили отвориле оган врз танкер во Омански Залив и го онеспособиле.

Танкерот M/T Хасна, што пловел под иранско знаме се обидел да вплови во иранско пристаниште, со што ја прекршил блокадата на САД.

ЦЕНТКОМ наведе дека американските сили пред да отворат оган повеќепати го предупредиле танкерот.

– Хасна повеќе не плови кон Иран. Блокадата на САД врз бродовите што се обидуваат да влезат или да ги напуштат иранските пристаништа е сè уште во полна сила, се посочува во соопштението на ЦЕНТКОМ.

Можете да прочитате

Рубио: САД не сакаат договор со Иран по секоја цена

ИРГЦ: Секој брод што поминува низ Ормуска Теснина мора да има дозвола од Иран

Раздор меѓу Трамп и Нетанјаху: Привремен спор или пресвртница за односите меѓу САД и Израел