Утрински Весник
Македонија

СВР Охрид најавува отворен ден на пристаништето и избор на најдобар полицаец за одбележување на Денот на македонската полиција

Ohrid1 1.jpg

Со низа пригодни манифестации, СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи „Запад”,  ќе го одбележат 7 мај, Денот на македонската полиција.

Утре, 6 мај, од 13 до 19 часот, на градското пристаниште во Охрид, во организација на полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро”, ќе се одржи отворен ден на кој, граѓаните ќе можат поблиску да ги видат пловните објекти како и другите материјално технички средства и опрема со кои, своите работни обврски ги извршуваат полициските службеници од езерската полиција.


Централниот настан ќе се одржи на 7 мај во четврток кога СВР Охрид, организира прием за претставници на локалната самоуправа од Охрид и Дебрца, со претставници на органите на државната управа со кои соработува како и за активните и пензионираните полициски службеници. Во таа пригода, ќе биде прогласен најдобриот полицаец. 

Честитки по повод 7 мај, Денот на македонската полиција, на СВР Охрид, први им упатија најмладите, децата од детската градинка „Јасна Ристеска” кои вчера (04.05.2026) ги посетија полициските службеници во полициската станица во Охрид и разгледаа дел од работните простории и полициските возила и се запознаа со одредена опрема која се користи при секојдневното извршување на полициската работа.

Можете да прочитате

Повторно судење за второ и трето обвинетиот лекар за случајот со родилката од Дебар

Охриѓанец со лажно одобрение за градба рекламирал и продавал станови кои не постојат

ФЗО: Буџетот достигна 836 милони евра, скок на транспарентноста минатата година