Утрински Весник
Македонија

Поднесени кривични пријави против родителите на малолетничките што нападнаа девојче во Ѓорче Петров

Nasilstvo.jpg

Денеска (05.05.2026) Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе шест кривични пријави по член 201 став 1 од КЗ (запуштање и малтретирање дете) против Е.А и А.М, Е.С., Р.С. и Р.Г., С.А., В.И. и Ѓ.И., А.Т. и Т.Т., поради тоа што малолетните деца на пријавените лица извршиле кривично дело по чл. 386 од КЗ односно поради физички напад врз 13-годишната малолетничка во Ѓорче Петров.

Во врска со овој случај, на 29.04.2026 ЕВР Ѓорче Петров до ОЈО Скопје поднесе и кривична пријава против четири малолетнички.


Можете да прочитате

Повторно судење за второ и трето обвинетиот лекар за случајот со родилката од Дебар

Охриѓанец со лажно одобрение за градба рекламирал и продавал станови кои не постојат

ФЗО: Буџетот достигна 836 милони евра, скок на транспарентноста минатата година