Утрински Весник
Свет

Трамп: Ги уништивме иранските глисери тоа е сè што им остана

Tramp epa.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше на платформата Truth Social за најновите настани во Ормутскиот теснец и операцијата „Проект слобода“, со која Америка сака да обезбеди премин на бродови низ Ормускиот теснец, во услови на зголемени тензии и низа инциденти во регионот.

Трамп: Ги уништивме иранските глисери. Тоа е сè што им остана

„Иран изврши напади врз нации кои не се поврзани со бродовите во операцијата „Проект слобода“, вклучувајќи и еден јужнокорејски товарен брод. Можеби е време Јужна Кореја да се придружи на мисијата! Удривме во седум мали ирански бродови или, како што сакаат да ги нарекуваат, „глисери“. Тоа е сè што им остана.


„Освен јужнокорејскиот брод, во овој момент нема штета на бродовите што минуваат низ теснецот. Министерот за одбрана Пит Хегсет и началникот на Генералштабот на армијата Ден Кејн ќе одржат прес-конференција утре наутро“, напиша Трамп на Truth Social

Можете да прочитате

Трамп им порача на нафтените компании „веднаш“ да ги намалат цените на горивата

Мароко тврди дека ја предупредиле Шпанија за ризиците од судската одлука за мигрантите, Мадрид демантира

Русија и Украина разменија нови напади со дронови, најмалку по петмина загинати на двете страни