Утрински Весник
Македонија

Адвокатката Коцевска побара исклучување на јавноста поради заканите кон Дејан Јованов – Деко

Whatsapp image 2025 12 02 at 13.00.52.jpeg

На судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, денеска повторно беа отворени прашања поврзани со закани, мерките за обезбедување присуство и однесувањето на дел од присутните во судницата.

Бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, адвокатката Ивана Коцевска, реагираше на изнесените директни закани по неговиот живот на минатото рочиште и побара тоа да биде нотирано на записник.


На претходното рочиште, додека одбраната на првообвинетиот пред Судот изнесуваше барање за укинување на притворот, дел од оштетените реагираа бурно извикувајќи: „пуштете го, ние да му пресудиме”.

Коцевска, пред почетокот на денешното судење, реагираше и на, како што кажа, „селективноста на мерките за обезбедување присуство, како и селективноста на прогон” на Обвинителството, кое, според неа, по службена должност требало да поведе постапка по изнесените закани по живот.

„Изнесувам предлог за крајно неопходно исклучување на јавноста, со оглед дека Судот е должен да обезбеди ред и заштита на правата на обвинетите” ијави таа пред Судот.

Судијката Дијана Груевска Илиевска нагласи дека досега ниту една закана не е нотирана на записник, без разлика од која страна доаѓаат.

Можете да прочитате

Кривична пријава за кумановец кој ја силувал својата сопруга

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски

Поднесена кривична пријава против четири малолетнички за насилството врз девојче во Ѓорче Петров