Утрински Весник
Македонија

„Oдговорно слави го успехот“- превентивна кампања на МВР со матуранти

Vdgbsdhb image.jpg

Во пресрет на матурските прослави, Секторот за полициски работи од општа надлежност заедно со Отсеците за превенција, Одделенијата за полиција и Одделенијата за криминалистичка полиција при сите СВР, реализираат превентивна кампања со матурантите од сите средни училишта во државата под мотото „Одговорно слави го успехот“.

Преку работилници, трибини и тркалезни маси, со младите се отвораат важни теми кои директно влијаат врз нивната безбедност, личен развој и правилно носење одлуки. Се обработуваат прашања поврзани со спречување на семејно насилство, малолетничка деликвенција, злоупотреба на дрога, безбедно учество во сообраќајот, трговија со луѓе, врсничко насилство, како и други предизвици со кои младите се соочуваат во секојдневниот живот.


Целта на оваа кампања е на афирмативен и позитивен начин да им се укаже на младите дека полицијата е тука за нив – не само како институција што се грижи за безбедноста, туку и како партнер и поддршка во најважните и најсреќните моменти од нивниот живот.

Полицијата им го честита постигнатиот успех на матурантите, истовремено потсетувајќи ги дека вистинската зрелост не се покажува само преку успехот, туку и преку чувството на одговорност, почитта кон себе и другите, како и способноста правилно да се избере патот по кој ќе се чекори понатаму.

Да се слави успехот е убаво и заслужено, но уште поважно е тоа да се направи достоинствено, безбедно и со свест дека одговорноста е една од најважните карактерни особини на секој млад, зрел и позитивен човек.

Можете да прочитате

Обезбедувач на Мицкоски завршил во притвор откако ја претепал сопругата

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот, Мицкоски и неговата банда ги чека иста судбина

Судот во Охрид го врати детето на мајката Невена, на ред е битолска апелација