Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски сака да го апси Груевски

607210260 1431244648364795 4652656454708123218 n.jpg

Соопштение за јавност на СДСМ:

По одлуката да ги внесе Бугарите во Уставот, Христијан Мицкоски сега сфати дека мора да го апси и Никола Груевски за да си ја обезбеди власта.

Со исполнувањето на овие две услови: внесување на Бугарите во Уставот и апсењето на Груевски – Мицкоски сака да си создаде подобра слика пред Европа и да се претстави како „човек кој е за ЕУ”.

Се разбира, тоа е само маска. 

Целта е да ја продолжи својата власт и да си обезбеди уште време за непречена кражба.

Мицкоски ги исчисти сите потпретседатели во партијата, чувајќи ја фотелјата за Груевски. 

Сè уште не му ги заврши поништувањата на судските процеси, а сега гледа можност од позицијата на „чувар на фотелјата” да ја преземе целосната власт во партијата.

Веќе не му е ниту Николоски пречка, против него води кампања цело време.

Мицкоски не го апси Груевски затоа што сака правда. Тој сака го апси за да ја обезбеди својата власт и да ја продолжи кражбата.

Граѓаните кои сè уште му веруват треба да знаат: Мицкоски не е нивен заштитник. Тој е човекот кој е подготвен да го жртвува и Груевски за да ја задржи фотелјата.

Најголемиот предавник во Македонија е Мицкоски. 

Ги предаде своите гласачи ветувајќи укинување на Преспанскиот Договор, враќање на името, сега ќе го жртвува својот политички татко Груевски и на крај ќе ги внесе Бугарите во Уставот.

Мицкоски и оваа криминална група работат по примерот на најголемиот пропагандист на дваесеттиот век Гебелс, кој рекол: „Обвини го противникот за она што самиот го правиш.”

Ова служи за да се создаде конфузија, да се збуни јавноста и да се префрли вината пред да се открие вистинската намера.

Вториот дел од учењето на Гебелс, кој Мицкоски го спроведува преку Орбановите медиуми, е ширење дезинформации и страшна поделба на граѓаните предизвикана од омраза преку медиумска пропаганда.

Целта на пропагандата што ја водат не е само да се верува во лагата, туку да се уништи способноста на луѓето да ја разликуваат вистината.

Доаѓа времето на вистината!

Можете да прочитате

Само еден активен пожар на отворен простор до 13:00 часот

Во Гостивар намален вкупниот број прегледи, велат од МЗ

Тешка сообраќајна несреќа кај Гостивар, повредени три лица