Утрински Весник
Спорт

Синер рутински против Зверев за историски триумф во Мадрид

Siner.webp.webp

Најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер, многу лесно го освои Мастерс турнирот од серијата 1000 на земјена подлога во Мадрид, откако попладнево со 6-1, 6-2 во финалето го совлада Германецот Александар Зверев.

За само 25 минути, Синер поведе со 1-0 во сетови, а италијанскиот тенисер наиде на слаб отпор и во вториот сет во кој му препушти само два гема на Зверев.


За Синер ова беше десетта победа над Зверев во нивниот 14. меѓусебен дуел.

Со триумфот во Мадрид, прворангираниот на АТП листата стана првиот тенисер во историјата што освоил пет Мастерс 1000 турнири по ред.

Италијанецот ја почна оваа серија во Париз на крајот од минатата година, додека во 2026 година ги освои Индијан Велс, Мајами и Монте Карло пред да триумфира за прв пат во кариерата во Мадрид. 

Можете да прочитате

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале

Успешно реализирано Светското училишно првенство во ракомет – Македонија ја оправда довербата на светската спортска сцена