Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

Davkova.png

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница којшто се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа”.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на тркалезната маса на тема „Зајакнување на поврзаноста и економската безбедност во контекст на зелената транзиција”, со којашто ќе претседаваат премиерите на Хрватска и Норвешка, Андреј Пленковиќ и Јонас Гар Шторе. Во дискусијата, предвидено е учество на: премиерите на Белгија, Канада, Грузија, Словачка и Обединетото Крaлство, сојузниот канцелар на Австрија, генералниот секретар на ОБСЕ, како и на претседателката на Европската комисија.


Во рамки на посетата, претседателката Сиљановска-Давкова ќе оствари билатерална средба со претседателот на Република Ерменија, Вахан Хачатурјан.

Можете да прочитате

Скопјанец тешко повреден по пад од мотоцикл

Само еден активен пожар на отворен простор до 13:00 часот

Во Гостивар намален вкупниот број прегледи, велат од МЗ