Утрински Весник
Балкан

Македонец уапсен во Србија: Осомничен за кражби во четири џамии

Img 3484.jpeg

Во заедничка акција на полицијата од Нови Пазар и Бујановац, уапсен е 66-годишниот М.З., државјанин на Северна Македонија, кој се сомничи дека во период од три дена извршил кражби во четири верски објекти на територијата на Србија.

Според информациите, кражбите биле извршени во периодот од 29 април до 1 мај, а мета биле џамии во Нови Пазар, Тутин и Сјеница. Осомничениот, според истрагата, ги кршел касите во верските објекти и ги одземал парите што се наоѓале во нив.


При полицискиот преглед кај него биле пронајдени нож и електрошокер, поради што против него е поднесена и соодветна прекршочна пријава.

На М.З. му е одредена мерка задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен на сослушување во Основното јавно обвинителство во Нови Пазар, каде ќе продолжи постапката за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Српските туристи се изборија за полесен влез во Грција

Над 400 уапсени на првомајските протести во Истанбул

Европска комисија: Сè уште проценуваме дали Србија ги исполнува условите за исплата на средства од ЕУ фондовите