
Соопштение за јавност на ВЛЕН:
Дали тоа е Али Ахмети, Бујар Османи, или двајцата заедно со нивниот круг на луѓе, сопственици на фирми подизведувачи?
Затоа што фактите веќе не можат да се сокријат.
Еве ви уште еден кадар на ДУИ, Билен Салији, поранешен министер за правда од ДУИ, кој подоцна станува директор на правниот сектор во МЕПСО. Токму во тоа време, луѓе од ДУИ во МЕПСО ја започнуваат постапката за раскинување на договорот со Енергоинвест, затоа што и самите утврдиле дека договорот е штетен и нефункционален.
Дополнително, одлуката на Управниот одбор од 22.11.2023 година јасно покажува дека сите членови, меѓу кои и Билен Салији, едногласно утврдиле дека изведувачот не ги исполнува договорните обврски и дека нема суштински напредок во проектот, по што е започната постапка за раскинување на договорот.
Значи, сите кадри на ДУИ во МЕПСО биле за раскинување на договорот уште тогаш
Денес, врвот на ДУИ го брани истиот тој договор. Зошто?
Одговорот е очигледен. Проектот имал реализација од едвај 4% во период од четири години. Договорот бил истечен. Немало активности на терен, туку само обиди за анекси и дополнителни финансиски побарувања. Државата плаќала камати со години, додека проектот стоел.
И денес ДУИ го брани тоа. Не затоа што е исправно. Туку затоа што некој имал интерес тоа да трае.
ДУИ не ги брани граѓаните. ДУИ брани систем во кој проектите не се граделе, туку се користеле за испумпување на пари.
Паниката во ДУИ е очигледна. Затоа што вистината излегува на виделина. Затоа што системот се менува. И затоа што повеќе нема простор за договори што не се реализираат, а чинат милиони.
ДУИ може да напаѓа колку сака. Но фактите ги демантираат. Тие сакале и иницирале раскин. Денес го бранат истито договор. Дволично.
Ние раскинуваме штетни договори. И градиме. Градиме прва електроенергетска врска со Албанија.


