Утрински Весник
Македонија

Велешанец при претекнување со возило се заканувал, потоа удрил во возилото, па се вратил со нож

Alkohol1.webp.webp

На 01.05.2026 во 17:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Т.Р.(37) од Велес.

Според пријавеното, тој на регионален пат Чашка-Велес, управувајќи патничко возило „опел” со кумановски регистарски ознаки, при претекнување со патничко возило „форд” со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(28) од Велес, од возилото му упатил закани, при што го следел и кога А.Ѓ. застанал со возилото, Т.Р. удрил во неговото возило, по што го напуштил местото, а по кратко се вратил и му се заканил со употреба на остар предмет.


Предметот бил пронајден и одземен, а по преземени мерки било констатирано дека Т.Р. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,26 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Савески: Телефонскиот разговор со премиерот не го доживеав како притисок

Повик до сопствениците да ги отстранат кајчињата од јавните површини долж брегот на Охридското Езеро

АНБ и МВР со акција против група поврзана со меѓународна терористичка мрежа