Утрински Весник
Македонија

Гостиварец тешко повреден при пад од четирицикл во шумски предел

20260502123708 big 730x400 89.webp.webp

Дваесет и седумгодишен жител на Гостивар се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од четирицикл додека се движел по шумски пат. Случајот бил пријавен вчера околу 14 часот, кога повредениот бил пренесен во Ургентниот центар.

„Во ОВР Гостивар е пријавено дека кај нив е донесено повредено лице по пад од возило. По извршените проверки утврдено е дека се работи за Е.К.(27) од Гостивар. Имено тој, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки и без возачка дозвола на шумски пат помеѓу селата Речане и Дуф, изгубил контрола и паднал при што се здобил со тешки телесни повреди“, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.


На местото на настанот полициска екипа извршила увид, а за случајот е известен и јавен обвинител кој треба да ги утврди причините што довеле до несреќата.

Можете да прочитате

Алиу: Околу 74 милиони евра за целосна трансформација на Клиничката болница во Тетово

Маж пронајден починат во стан во Охрид

Спасен чешки државјанин заглавен со мотоцикл во планински предел кај Демир Капија