Утрински Весник
Спорт

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале

20260502093651 big 730x400 91.webp.webp

Ракометарите на ГРК Охрид денеска го пречекуваат Целје во реванш натпревар во кој ќе имаат задача да анулираат гол негатива од дуелот во Словенија и прв пат во клупската историја да изборат пласман во финалето во ЕХФ Европскиот куп во кој титулата лани ја освои скопски Алкалоид.

Ракометарите на Борис Ројевиќ во првиот натпревар од полуфиналната пресметка со словенечкиот противник загубија минатата недела на гостински терен во Целје со 27-26.


Ројевиќ на вчерашната прес-конференција истакна дека претстои тежок натпревар, против една од најталентираните европски екипи.

„Целје во своите редови има четири-пет играчи кои веќе имаат понуди од екипи од Лигата на шампиони. Станува збор за навистина извонредна екипа и оттаму тешка задача стои пред нас. Но, сите наши играчи едвај чекаат да истрчаат на терен. Се надеваме дека атмосферата во салата ќе биде одлична, како што беше и во Целје, дека охридската публика ќе покаже дека можат и подобро“, рече тој.

Натпреварот е закажан со почеток во 19 часот во СЦ „Билјанини извори“ чиј капацитет е целосно распродаден. 

Можете да прочитате

Успешно реализирано Светското училишно првенство во ракомет – Македонија ја оправда довербата на светската спортска сцена

Мастербет со поддршка за младиот шампион Силвио Мировски на патот кон нови европски успеси

Неверојатно полуфинале во Париз – ПСЖ и Баерн постигнаа девет голови