Утрински Весник
Свет

Иран испрати нов предлог за преговори со САД, Белата Куќа одби да коментира

Iran 3.jpg

Иран денес достави нов предлог за преговарачка рамка до Пакистан, кој посредува во мировните преговори меѓу Техеран и САД, објави ИРНА, повикувајќи се на ирански дипломатски извори.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, изјави дека завршувањето на војната и постигнувањето траен мир се приоритет на Техеран во разговорите со Вашингтон.


Прекинот на огнот меѓу Иран, САД и Израел, наводно, бил воспоставен на 7 април за да се олесни дипломатското решение, кое подоцна било продолжено на неодредено време.

Преговорите меѓу Техеран и Вашингтон се одржаа на 11 април во Исламабад, со учество на делегации предводени од претседателот на иранскиот парламент Мохамед Багер Калибаф и потпретседателот на САД Џ.Д. Венс, но без постигнување договор.

Белата куќа соопшти дека нема да ги детализира приватните дипломатски разговори за новиот ирански предлог до САД, кој им беше доставен на пакистанските медијатори.

„Не ги детализираме приватните дипломатски разговори. Претседателот (Доналд) Трамп јасно стави до знаење дека Иран никогаш не може да има нуклеарно оружје“, изјави портпаролката на Белата куќа, Ана Кели.

Според неа, преговорите продолжуваат за да се обезбеди краткорочна и долгорочна национална безбедност на Соединетите Американски Држави.

Можете да прочитате

ЕК до Трамп: Американска страна е непредвидлива

Трамп најавува нов напад врз ЕУ

Иран егзекутираше 21-годишен каратист кој беше уапсен за време на протестите