Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Укинувањето на техничката влада не е реформа, туку чекор назад 

Spasovski sdsm.jpeg

Координаторот на пратеничката на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за Предлог законот за изменување на Законот за Владата на Република Македонија по скратена постапка, нагласи дека наместо суштинска реформа, власта по брза постапка сака да ја укине техничката влада, без притоа да обезбеди политички консензус и широка дебата. Спасовски потсети дека токму актуелниот премиер Христијан Мицкоски во 2018 година бараше повторно воведување на техничката влада со важност до членството во Европската Унија, а истиот тој сега бара нејзино укинување, што отвора сомнеж за злупотреба на изборните процеси.   

Во продолжение е интегралното обраќање на Спасовски:


„Сакам неколку работи да кажам во однос на овој предлог на Закон за измени и дополнување на Законот за Влада. Прво, треба да знае и македонската јавност и сите ние дека Законот за влада е еден од приоритетите во реформската агенда и тоа подразбира дека носење на еден ваков закон требаше да биде целосно нов закон како што впрочем и стои во реформската агенда, а на тој начин се поставува и прашањето зошто што и после две години власт и превземање на обврски дека ќе се направи ново законско решение во делот на Законот за за влада, досега немаме таков предлог. И не е само ова законско решение во однос на Законот за влада. Имаме и други решенија коишто се однесуваат на реформската агенда, едниот е Изборен законик, нов Кривичен законик итн. 

И повторно се поставува прашањето зошто овие законски решенија како дел од тие приоритети од реформска агенда, практично требаше да потврдат за реформскиот курс на оваа влада требаше, да потврдат дека тоа што е превземено како обврска и пред меѓународната заедница, но најмногу пред граѓаните,дека и ќе се реализира. И на овој начин нудејќи сега во една скратена постапка носење на законско решение за измени и дополнување на Закон за Влада во која што клучна цел на парламентарното мнозинство на владата ако сакате е за тоа како да се постапи со техничката влада, што е тоа што треба да направиме, се поставува како прашање во фокусот на реформите во државата.Мислам дека ако така ги поставуваме работите во Собранието, ние ќе бидеме далеку од ветувањата коишто ги даваме пред граѓаните дека правиме некакви реформи и тоа може да се потврди на многу начини.

Вие знаете дека во изминатиот период ако ги погледнеме законските решенија кои што ги донесе законодавниот дом и повеќе од 90% се по скратена постапка, законски решенија коишто се однесуваат претежно на менување на условите за избор на раководни функционери во било кој сегмент и тоа намалување на тие критериуми коишто се однесуваат на раководните функционери, покажува дека не само што не правиме некаква реформа за промена на системот, туку и го уназадуваме тој систем којшто стои пред нас. Тоа е првата и основна работа.  

И кога се говори веќе за реформи, за губење на можни финансиски средства од страна на Европската Унија и така натаму, тогаш одговорноста е многу јасна и таа треба да се истакне пред граѓаните. Најголемата одговорност јаимаат партиите коишто го сочинуваат парламентарното мнозинство, односно Владата. ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, и доколку се изгубат било какви финансискисредства од Европската Унија, одговорот треба да го бараат кај партиите на власт, затоа што не може со ваков пристап да имаме во државата, со половични или некакви измени во делот на законските решенија да ги прикажуваме како огромни реформи, промени на систем итн, кои што во суштина не значат ништо. Тоа е првата работа за којашто сакав да говорам, бидејќи е нешто што и беше експлоатирано изминатиот период кога се однесува делот на измените на овие законски решенија.  

Второ, мислам дека и за нас важно суштински ит натаму е при промената на ова законско решение, е укинувањето на таканаречената преодна техничка или како сакате наречете ја влада. Зошто е укинување? Заради тоа што ова постоечко законско решение кое што сега се менува е форматот којшто е договорен во разговорите во Пржино, така наречени пржински разговори и единствено законско решение во кое што стои во самиот закон дека ова договор помеѓу четирите најголеми партии во Собранието. 

Никаде во ниту еден друг закон тоа го нема освен во ова законско решение. Зошто? Заради тоа што тогаш се водеа такви разговори во коишто се преговараше за низа решенија во политичкиот систем. Едно од нив беше и формирањето на ваква техничка или преодна влада во којашто навистина беа искажани недоверба кон системот, злоупотреба на институциите итн во тој тој период. И за волја на вистината тоа законско решение коешто беше донесено во тој период па еднаш изменето во 2016 година со одредени промени во делот на функционирањето на одредени министерства, во преодните и завршните одредби имаше важност за парламентарните избори во 2016 година. Со завршувањето на парламентарните избори во 2016 година овие одредби од Законот за Влада престанаа да важат. 

Значи немаше одредба која што продолжува понатаму техничката влада. Е сега во 2018 година во разговори кои што ги има тогашниот лидер на опозицијата, Мицковски, сегашниот премиер, бара во име на коалицијата да повторно се воведе така наречена техничка или преодна влада и оценува дека тоа е потребно заради тоа што се уште институциите не се на а висината на демократското управување кое што треба да го има државата и во одредбата којашто ја бара да стои во законското решение, а кое што подоцна се усогласува, е дека оваа техничка влада треба да има важност до влегувањето на Македонија во Европската Унија. Зошто? Заради тоа што се смета дека до влезот на Европската Унија се уште нема таков сериозен демократски капацитет во кој што би имале сите политички партии доверба во процесите и на основа на тоа се прифаќа такво законско решение во ко ешто денеска, се нуди сосема спротивен став.

И сега ако цениме по тоа дали сериозно многу напреднала Македонија во овие две години, не, напротив мислам дека во многу сегменти се уназадува и е далеку од тоа да се носи сега образложение, „знаете укинувањето на техничката влада е заради тоа што сега ние имаме подобри перформанси на институциитенего кога би имале членство во Европската Унија„.

Само ако е така би можеле да бидат прифатливите аргументи кои што укажуваат на тоа зошто е потребно да се укине техничката влада. А за волја на вистината сепак менувањето на овие одредби треба да биде во рамките на договорот помеѓу политичките субјекти во во Собранието. И доколку се постигне договор за укинувањето тогаш тоа да го правиме.

Вака еднострано укинување на ваква преодна влада без да се почитуваат, тие насоки и принципи на кои што била усвоена, не може во ниту еден момент да се прикаже како никаква реформа или напредок на општествениот систем на Македонија сега и во овој во овој момент. И од тие причини сметам дека кога се зборува за било каква дебата, за разговори, преговори иткантаму, мора да се признае дека никакви разговори и преговори не сме имале во однос на Законот за Влада.

Ние имавме разговори лични со министерот на кои што беа изнесени ставовите негови на владата на која што се соопштија ставовите наши по однос на ова прашање, и тоа не претставуваат никакви преговори, заради тоа што не сме влезени во дебата за тоа дали, како и на кој начин тоа ќе го направиме, што е тоа што треба да се смени, што е тоа што не треба да се промени во овој дел.

И самиот начин на носење на законското решение по една скратена постапка како што е сега, само по себе укажува на немање на дебата во законодавниот дом. Ако сакавме да има било каква поголема, дебата на која што ќе се вклучат и повеќе чинители, па дури да се организираше јавна расправа за којашто еве за одредени законски решенија и се прават преку Комисијата за политички систем се дебатира, па да ги соочиме сите аргументи кои што ги имаме и ние меѓутоа и стручната и научната јавност во овој дел, веројатнои аргументите за тоа дека имаме дебата во законодавниот дом, општествена дебата итн по ова клучно прашање кое што се однесува на Законот за Влада би биле многу порелевантни од тоа што се сега.   

Во моменти кога вие давате законско решение во Собрание го носите по скратена постапка, образлагате зошто е важно да се донесе по скратена постапка со аргументација која што е тотално ирелевантна од тоа што е сега, мислам дека покажуваме само за тоа дека нешто не сме го зголемиле демократскиот капацитет, туку е намален демократскиот капацитет.

Не само што не треба да се укине, туку имаме причини плус зошто не треба да се укине ваквата преодна или техничка влада. Така што, уште еднаш ќе посочам, кога се зборува за укинувањето на преодната нетехничката влада или за тоа дека не е укинување како што ќе рече министерот, се укинува заради тоа што на Барање на вашиот лидер или сегашен премиер тоа е ставено се до членство во Европската унија.

Е сега или ќе гопочитувате тој став на вашиот премиер и на лидер на парламентарното мнозинство ако сакате сега, затоа што тој барал такво законско решение, таква одредба со која што вели дека до влезот во Европската Унија треба да постои вакво законско решение за да имаме сите ние доверба во изборниот процес.

Така што довербата во изборниот процес ќе гарантира една политичка стабилност којашто а и е потребна на земјава. А политичката стабилност ќе подразбира и многу повеќе реформи коишто ќе дадат еден импулс кон граѓаните, за тоа дека ние правиме сериозни реформи, пред се реформи кои што ќе бидат за македонските институции коишто бенефити ќе ги почувствуваат граѓаните на Македонија.

Меѓутоа и реформи преку коишто јавно декларативно не само, туку и практично ќе покажеме дека сакаме да го следиме патот кон остварувањето на нашиот еден од нашите стратешки национални интереси, а тоа е членството на Македонија во Европската Унија. Доколку тоа не се случува, тогаш сите тие аргументи и декларации дека вие сакате некаков исчекор да направите напред, а и кон остварувањето на оваа национална цел за членство во Европската Унија, паѓаат во вода.

И од тој аспект сакам уште еднаш сосема јасно да го повторам и ставот на пратеничката група на СДСМ и на коалицијата, дека ние ќе гласаме против ова законско решение, затоа што сметаме дека сето тоа кое што е донесено,усогласено врз основа на политичките декларации и волја на четирите најголеми партии во законодавниот дом и тоа е запишано возакон тогаш истиот пат треба да биде и на неговата промена, сите ние заедно да бидеме согласни. Доколку тоа не се случува, тогаш мислам дека отсуствува политичкиот дијалог и од тие причини не можеме да глумиме политички дијалог сега пак за изборното законодавство и таму ќе седнуваме, ќе разговараме за нешто коешто а можеме или не можеме да се договориме, с во суштина клучните работи каде што треба да имаме политички дијалог во законодавниот дом, тоа го избегнуваме на секој можен начин”, рече Спасовски.

Можете да прочитате

Познатите говеда од Кривопаланечко одат на лицитација

Трипуновски од Делчево: Продолжуваме со кампањата што ја започнавме, со цел да бидеме во постојана комуникација со земјоделците 

Укината спорната одлука за урбанизам во Тетово, крај за „цртањето“ градежни линии на око