Утрински Весник
Македонија

Претреси во Скопје и Тетово, пронајдена дрога

Image 2026 04 29 105816478.png

На 28.04.2026 во 20:00 часот на подрачјето на Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Е.(49) од Скопје. При извршен преглед над него и при претрес во неговиот дом и други простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени нож и марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.04.2026 во 20:10 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.С.(26) од с.Мала Речица, тетовско. При претрес во куќата во Тетово, во која престојувал, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.


Можете да прочитате

13 годишно дете ја срушило канделабрата во Карпош

УСТАВЕН НИХИЛИЗАМ ИЛИ КРИЗА НА СУВЕРЕНИТЕТОТ?

Ахемти не планира да биде доживотен претседател на ДУИ