Утрински Весник
Македонија

Ангелов на состанок во НАТО: Фокус на отпорноста и цивилната подготвеност

Image 2026 04 29 105006746.png

Високиот национален претставник во Комитетот за градење отпорност при НАТО, Стојанче Ангелов, вчера учествуваше на годишниот состанок во седиштето на Алијансата во Брисел. На средбата се дискутираше за инвестициите на сојузниците во отпорноста, цивилната подготвеност и исполнувањето на обврската од Самитот во Хаг – издвојување 5% од националниот БДП за одбраната.

Определбата за зајакната цивилно-воена соработка беше повторно демонстрирана преку заедничката сесија меѓу претставниците за отпорност и националните директори за логистика, одржана за првпат во овој формат и на ова ниво. Концептот за поддршка на земја-домаќин е невозможен без координирана цивилно-воена соработка и заедничко планирање, коишто се клучни за ефикасно спроведување на одбранбените планови на НАТО.


Состаноците на Комитет за градење отпорност на ниво на Високи национални претставници се одржуваат еднаш годишно и претставуваат централна платформа за креирање на политиките на Алијансата со цивилен предзнак. Цивилната подготвеност и цивилното одбранбено планирање се дел од пошироките напори за јакнење на колективната отпорност на Алијансата и концептот за одвраќање и одбрана на НАТО.

Можете да прочитате

Мицкоски: Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува поцврст и поодговорен механизам за одлучување

Муцунски го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Пармелан

Претреси во Скопје и Тетово, пронајдена дрога