Утрински Весник
Македонија

Повеќето жртви во „Пулс“ се задушиле од јаглерод моноксид, дел починале од згмечување во стампедото

Whatsapp image 2025 12 02 at 13.00.51.jpeg

Во судницата во Идризово денес беа презентирани едни од најтешките материјални докази во процесот – над 60 писмени извештаи од извршените обдукции на настраданите во пожарот во „Пулс“.

Деталите од наодите на судска медицина откриваат морничава слика за последните моменти на жртвите, од кои голем дел биле на возраст од 16 до 25 години. Извештаите недвосмислено потврдуваат дека смртта кај сите настапила насилно.


​Смртоносниот чад: Над 50 лица починале од јаглерод моноксид ​Читањето на наодите потврди дека најголемиот број од жртвите не починале од самиот оган, туку од густиот и отровен чад кој брзо го исполнил просторот. Обдукциите покажуваат дека кај повеќе од 50 лица, причина за насилната смрт е труење (интоксикација) со јаглерод моноксид.

​Дел од обдукциските наоди сведочат за хаосот, паниката и стампедото кое настанало при обидот да се избега од пламените јазици. Кај четири од жртвите, експертите по судска медицина констатирале насилна смрт предизвикана од компресија, односно силен притисок на градниот кош, што укажува дека биле згмечени во толпата.

​Дополнително, кај дел од починатите, како Тоше Тодоровски (36), Адријан Живков (24) и Александар Алексов (38), како причина за смртта е наведен апсолутен недостаток на воздух и кислород во околната средина.

​Термички изгореници и жртви кои починаа подоцна ​Освен задушувањата, дел од извештаите сведочат за директното влијание на екстремно високите температури. Кај 30-годишниот Ѓорѓи Величков е констатирано термичко оштетување на горните дишни патишта.

Можете да прочитате

Без дозвола, со забрана и пијан зад волан – 10 возачи приведени

Тошковски: 14 лица повикани на разговор за хоророт во Ѓорче Петров, меѓу нив и родители

Четворица малолетници со месеци го малтретирале дете во автобус во Скопје