Утрински Весник
Македонија

ТХП: Иселениците се мост меѓу двете држави, институциите да го забрзаат процесот за државјанство

Img 20260428 wa0007.jpg

Соопштение за јавност на ТХП:

Делегација на Партија за движење на Турците (ТХП), предводена од претседателот Енес Ибрахим, во рамките на посетата на Измир оствари средби со здруженија на иселеници од Македонија.


На средбите беше нагласено значењето на иселениците како силен мост помеѓу двете земји, при што беа разменети мислења за предизвиците со кои тие се соочуваат. Посебно внимание беше посветено на прашањето за добивање државјанство, каде што многу апликанти, и покрај поднесените барања, сè уште немаат добиено јасни информации за статусот на нивните апликации.

Оваа состојба претставува сериозен проблем кој бара итно институционално постапување. Партијата за движење на Турците (ТХП) останува посветена на решавање на овие прашања и ќе ги преземе сите неопходни чекори за нивно надминување, со цел заштита на интересите на иселениците и унапредување на односите меѓу двете држави.

Можете да прочитате

Нови детали: Насилничките од Ѓорче малтретирале и други девојчиња

Одбраната на Деко бара укинување на притворот, родителите на жртвите гневни

Македонското еколошко друштво ќе спроведува нов амбициозен европски проект за зачувување на кафеавата мечка во Динаро-Пиндскиот Регион