Утрински Весник
Свет

Украински напад врз Русија, тројца загинати

93251159 db61 4f08 ac6f f057b5f435fb.jpg

Три лица се убиени утрово во напад со украински дрон во рускиот регион Белгород, кој граничи со Украина, изјави гувернерот на регионот, Вјачеслав Гладков.

„Три цивили беа убиени како резултат на напади со беспилотни летала од страна на украинските вооружени сили“, напиша тој на Телеграм, додавајќи дека уште три лица се ранети.


Дронови удрија автомобил во градот Вознесеновка, при што загина еден маж, и возило во градот Бобрава, каде што загинаа маж и жена, според истиот извор.

Од почетокот на офанзивата во Украина во февруари 2022 година, Русија редовно бомбардира цела украинска територија, вклучително и критичната инфраструктура, пренесува АФП.

Како одговор, Киев напаѓа цели во Русија, тврдејќи дека ги таргетира воените и енергетските објекти за да ја намали способноста на Москва да ги финансира своите воени напори.

Пожар во рафинеријата по напад со дрон

Во вторник, пожар избувна во рафинерија за нафта во Туапсе, јужна Русија, откако врз неа паднаа остатоци од украински дрон што ја таргетираше фабриката, објавија локалните власти.

Можете да прочитате

Калас: Затворањето на Ормускиот теснец е опасен преседан

Поради односите со Трамп, НАТО сака да го укине годишниот самит

Путин: Обидите за сеење раздор во руското општество нема да успеат