
Јас немам што повеќе да додадам од тоа што го кажаа и градоначалникот и министерот, рече премиерот Христијан Мицкоски при увидот на реконструкцијата на Универзална сала
„Очекувам во рамките на рокот да биде завршен овој објект бидејќи проектот „Европска престолнина на културата” после сите оние застои во минатото, конечно добива на некаква динамика, а мораме до 2028 комплетно да ги затвориме сите објекти. Така што еден од тие објекти е и овој позади нас.
Јас сум благодарен од мое име, од името на граѓаните на Градот Скопје што овој објект после сите оние перипетии од минатото ќе добие некаква физиономија. Според она што го видов и што го презентираше проектантот ќе биде навистина прекрасно дело. Па ајде да не зборуваме што се вели пред време, да го завршиме и потоа сите заедно да се радуваме и уживаме во културните настани коишто тука ќе се организираат.
Би сакал да се заблагодарам на министерот, на министерството, на градоначалникот, на сите оние коишто учествуваа во подготовката на овој проект, после сите ќе повторам перипетии од минатото и се надевам дека во рамките на предвидениот рок и во рамките на предвидениот буџет ќе биде овој објект завршен.
Ви благодарам.” рече Мицкоски.

