Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Јавен повик за практикантство во Општина Центар,  шанса за младите да стекнат искуство и да го започнат својот кариерен пат

Centaropstina.jpg

Општина Центар објави јавен повик за практикантство, со кој на студентите и апсолвентите им се овозможува да стекнат практично искуство во работата на општинската администрација.

„Ова е можност студентите да се запознаат со работата на администрацијата и да го започнат својот кариерен пат. Нашите врати се отворени за младите, за нова енергија и свежи идеи,” порача градоначалникот Горан Герасимовски.


Со повикот се опфатени студенти и/или апсолвенти од државни, меѓународни и приватни факултети, жители на Општина Центар .

Практикантите за времетраењето на ангажманот ќе добиваат месечен надоместок од 15.000 денари.

Практикантството ќе се реализира во различни сектори, во зависност од потребите на општинската администрација.

Заинтересираните кандидати треба да достават барање за практикантство, доказ дека се студенти или апсолвенти, копија од лична карта, број на трансакциска сметка и кратка биографија.

Документите се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Согласно Законот за практикантство, Општина Центар ќе ангажира најмногу 8 практиканти, а практикантството може да трае најмногу шест месеци и е еднократно право. Повеќе на линкот: https://www.centar.gov.mk/medija/soopshtenija-javen-povik/260427-javen-povik-za-praktikantstvo-vo-opshtina-centar-skopje

Можете да прочитате

Герасимовски: Нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин”, инвестиција од 5,99 милиони денари

Орце повикува граѓаните на Скопје да чистат – затоа што тој не може, велат од СДСМ

Меџити: Улицата „Фаик Коница” во Дижон доби сосема нов лик