Утрински Весник
Свет

Трамп: Ова нема да ме одврати од војната во Иран

20260426080215 big 730x400 47.webp.webp

Претседателот на САД, Доналд Трамп по вооружениот инцидент на синоќешната вечера со дописниците од Белата куќа изјави дека тоа нема да го одврати од војната во Иран, иако претпоставува дека пукањето не е поврзано со конфликтот.

– Тоа нема да ме спречи да победам во војната во Иран. Не знам дали пукањето имало некаква врска со тоа, но врз основа на она што го знаеме досега, навистина не мислам така, истакна Трамп по инцидентот на прес-конференција.


Сепак, Трамп претходно рече дека „никогаш не се знае“ дали нападот е  поврзан со конфликтот во Иран. Тој нагласи дека истражителите сè уште ги утврдуваат мотивите на напаѓачот, кого го опиша како „осамен волк“.

„Си-би-ес њуз“ (CBS News) го објави идентитетот на осомничениот напаѓач на синоќешната вечера со дописниците од Белата куќа, поради што Трамп и првата дама Меланија беа евакуирани од салата и однесени на безбедно место.

Напаѓачот е идентификуван како 31-годишен маж Кол Томас Ален од предградие на Лос Анџелес.

По инцидентот тој е под полициски надзор во болница каде му се пружа лекарска помош.

Главниот обвинител Тод Бланш изјави дека формалните обвиненија против напаѓачот ќе бидат поднесени „многу наскоро“.

Агентот кој го запрел напаѓачот завршил во болница. Тој бил погоден во панцирот и е болница.

Можете да прочитате

Најмалку 13 луѓе при експлозија на бомба во Колумбија

Напаѓачот од Вашингтон призна дека мета му биле американските политичари

Чернобил – 40 години потоа: Катастрофата што го потресе светот