Утрински Весник
Свет

Калас: Ќе инсистираме на 21-от пакет санкции против Русија

Kaja kalas.jpg

Европската унија почна да се залага за 21-ви пакет санкции против Русија, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, еден ден откако ЕУ го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија поради војната на Москва во Украина.

„Навистина инсистираме на продолжување со 21-от пакет санкции. Испраќаме јасен сигнал до Русија дека Украина е поважна за нас отколку за нив и дека ќе продолжиме да ги поддржуваме“, рече Калас пред неформалниот самит на лидерите на ЕУ на Кипар.


Можете да прочитате

Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија

Пронајдени „значајни“ докази при претрес на домот на еден од осомничените за „Сараево сафари“

„Аријана 6“ успешно лансирана во вселената