
Левица Сектор Медиуми, Реџеп Исмаил
ВМРО-вците решија по скратена постапка да го овторат патот кон немилосрдна експлоатација нашата земја, Македонија!
Преку предлози за измени на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно приватно партнерство сакаат да го отворат патот за странските емисари да можат веднаш да експлоатираат по земјава без да имаат никаква грижа за животната средина, здравјето, уште помалку економската логика и развојот на долг рок.
Практично, легално ќе бидат финансиски задоволени поединци, се разбира, нивни партиски луѓе, кои административно и бирократски (концесии и дозволи) ќе го спремаат теренот а странците ќе дојдат за тоа ќе им платат и ќе си ја цицаат земјата. Дополнително претходно веќе им овојзможија носење на работна сила од сранство, за да не ја плаќат нашата колку што треба, и така полека ќе го сменат ликот и обликот на регионот – земјата ќе стане отровна а со време и туѓа.
За тоа Македонија колку има корист од овој „модел” на рударство доволно говори фактот што државата годишно од концесии добива НЕ ПОВЕЌЕ ОД 10-15 милиони евра, а фримите, кои во најголем дел се странски, профитираат во суми над 200 милони евра!
Сето ова не е поврзано само и единсвено со актуелниот рудникот во Крива Паланка, напротив, ова е за да се отвори пат и за рестартирање на паузираните процеси со рудниците на смрта во Штука, Иловица и слично, а секако и со ископите во атарот на Општина Прилеп каде ровари Бехтел и Енка – проект кој верувам се сеќавате дека ВМРО како опозиција „ќе го стопираше”.
Како доказ за ова, во прилок слика од прес конференцијата на актуелен пратеник на ВМРО од Прилеп, кој денес не отвора уста за овој несреќен и катастрофален „стратешки проект” на Бехтел и Енка, и кој лабаво си дига рака за планираните олеснувања за отворање на рудниците споменати погоре. Истото е случај и со пратеничката од ВМРО од Гевгелија, која локалните организациите за заштита на околината со право ја повикуваат на одговорност заради изнесените лаги пред избори во опозиција.
Рударењето не е само техничка дејност, туку систем во кој богатството се создава долу под земја, а нееднаквоста се создава над неа. За ова, најголем пример е Зимбабве. Тоа е земја која буквално седи врз природно богатство но во текот на децениите, голем дел од ресурсите беа експлоатирани преку странски компании, и резултатот е само дополнително осиромашување на обичниот народ. Класичен пример на таканаречено „ресурсно проклетство” – доказ дека ресурсите сами по себе не ја прават државата богата, начинот на кој се управуваат ресурсите ја прави државата богата или сиромашна.
Пратеничката група на Левица со цел да ја одложи оваа катастрофална одлука на владејачкото мнозинство на двата споменати предлога поднесе по 500 амандмани. Но за жал деловникот е така направен да тоа ефективно може да се држи само два дена, односно, денеска и утре. Па се надевам дека свесните и совесни граѓани како и локалните организации ќе успеат да направат притисок до власта да се откаже од оваа луда и крајно опасна намера.
Другари, ве повикуваме на поддршка. Потребна ни е вашата поддршка со цел заеднички да ја спречиме оваа катастрофа од продавање на ресурсите без план, за џабе, за туѓи интереси, продавање на странци, а нам дома ќе ни остане само исцедена земја и загадени реки и долини.

