Утрински Весник
Македонија

Хоџа го одбележа Денот на планетата Земја со нови садници во чест на најмладите

Image 2026 04 23 143317874.png

По повод  Денот на планетата Земја, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска реализираше акции на засадување дрвја на две локации во Скопје – во Гинеколошко-акушерската болница во Чаир и во детската градинка Фидани.

Ново дрво беше засадено во чест на сите деца родени на 22 април, со симболична порака дека секој нов живот доаѓа на свет со право на чиста и здрава животна средина. Акцијата продолжи во градинката Фидани, каде заедно со најмладите беше засилена пораката дека еколошката свест треба да се гради од најмала возраст.


Министерот Хоџа на настаните истакна дека климатските промени и загадувањето не се прашања на иднината, туку предизвици со кои општеството се соочува денес.

Министерството континуирано работи на системски решенија – од транзицијата кон зелена енергија до мерки за квалитет на воздухот и управување со отпад.

Воедно, Хоџа апелираше до целата јавност – институциите, бизнис секторот и граѓаните активно да се вклучат, бидејќи трансформацијата кон одржливо општество бара мобилизација на сите нивоа.

„Немаме резервна планета. Ова е нашиот единствен дом”, порача Хоџа.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова го прогласи за отворено 38. издание на Саемот на книгата 

Под Тумбе кафе најдени се над 1000 неексплодирани бомби и гранати од Првата светска војна

Уапсени измамници од Романија – 24info.mk