Утрински Весник
Балкан

Марта Кос: Почнува изготвувањето на договорот за членство на Црна Гора во ЕУ

Img 3061.jpeg

Европската комесарка за проширување Марта Кос објави дека земјите членки на Европската Унија донеле одлука да започне изготвувањето на Договорот за пристапување на Црна Гора во ЕУ, оценувајќи го чекорот како значаен напредок на Подгорица кон полноправно членство.

Според Кос, ова претставува јасно признание за реформскиот напредок што го постигнала Црна Гора, но и дополнителен поттик земјата да го забрза спроведувањето на неопходните промени на патот кон Унијата.


„Местото на Црна Гора во Европската Унија сега почнува јасно да се обликува“, напиша Кос во објава на социјалните мрежи.

Таа посочи и дека процесот ќе биде можност ЕУ да извлече поуки од претходните проширувања и во идните пристапни договори да вгради посилни механизми за заштита од назадување во владеењето на правото и основните европски вредности.

Црна Гора важи за најнапреден кандидат од регионот на Западен Балкан во евроинтегративниот процес, а најновата одлука се оценува како дополнителен сигнал за засилен ангажман на Брисел кон проширувањето.

Можете да прочитате

Драма во Загреб: Тројца разбојници упаднале во куќа, малолетник успеал да ги избрка

Туристички агенции во Србија почнаа да наплаќаат доплати за гориво на патниците кои веќе уплатиле аранжмани

Ужас на влез во Турција: Автобус без контрола усмртил две а повредил 16 лица