Утрински Весник
Македонија

Спорните кашички на HiPP ги нема во Македонија, велат од АХВ

Hipp.webp.webp

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека во моментов нема добиено официјална нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF) дека на македонскиот пазар е дистрибуиран небезбеден производ од брендот HiPP.

Станува збор за храна за бебиња во стаклена тегличка од 190 грама, со вкус на морков и компир, која е предмет на повлекување и истрага во Австрија и неколку европски земји.


Од АХВ појаснуваат дека ја следат состојбата и дека ќе реагираат навремено доколку се појави потреба за дополнителни мерки.

Дополнително, од овластениот дистрибутер на производите на HiPP во Северна Македонија е доставено писмено известување дека спорниот производ воопшто не е увезен во земјата и не е пласиран на домашниот пазар.

Институцијата нагласува дека продолжува со редовно следење на состојбата и координација со европските системи за безбедност на храна

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол