Утрински Весник
Свет

Ако Израел не се повлече од јужен Либан ќе се соочи со отпор

20260421193546 big 730x400 41.webp.webp

Претседателот на парламентот на Либан, Набих Бери денеска предупреди дека израелските сили ќе наидат на отпор ако не се повлечат од јужниот дел на земјата.

И покрај десетдневниот прекин на огнот помеѓу Израел и Хезболах, израелските трупи остана на либанска територија. Израел тврди дека тоа е со цел да се создаде тампон-зона за заштита на северните израелски области од напади.


– Либан не може да си дозволи да изгуби ниту еден метар земја. Ако Израел ја продолжи својата окупација, без разлика дали во области, позиции или со повлекување жолти линии, тогаш секој ден ќе го чувствува здивот на отпор, наведе Бери.

Коментарите на Бери, кој е лидер на движењето Амал, сојузник на Хезболах, се еден ден пред закажаните разговори на амбасадорско ниво помеѓу Израел и Либан, кои ќе бидат посредувани од Вашингтон. Конфликтот ескалираше на 2 март кога Хезболах го нападна Израел, како поддршка на Иран во поширокиот регионален конфликт.

Либанската Агенција за управување со катастрофи соопшти дека во војната помеѓу Израел и Хезболах од 2 март загинале најмалку 2.454 лица, а повредени се 7.658 луѓе.

Можете да прочитате

Ниту американска ниту иранска делегација не отпатува на разговори во Исламабад

Иран сè уште не донел одлука за испраќање делегација во Исламабад

Мелони: Швајцарските сметки за лекување на жртвите од пожарот во Кран-Монтана се „навреда како врв на подбивањето“