Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски и ВМРО продолжуваат да го штитат Груевски

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Уште не постои важечко барање за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија. 


Барањето поднесено од претходната влада СДСМ е истечено, а актуелната Влада на Мицкоски не поднела ново барање. 

Исто така, нема активна потерница од Интерпол за негово апсење.

Мицкоски и ВМРО-ОКГ ништо не направиле за да го вратат Груевски во Македонија и да одговара пред правдата.

Ова не е случајност.  Ова е јасен доказ дека Мицкоски ја штити криминалната организација на која самиот е дел. 

Додека јавно се фали со „чувство” и закани кон опозицијата, за Груевски, кој е осуден за повеќе кривични дела, не само што не презема ништо, туку активно го чува во Будимпешта.

Мицкоски може да продолжи да го крие Груевски колку што сака. Но, граѓаните јасно гледаат кога станува збор за нивните криминални соработници, ВМРО-ОКГ ги штити со сите сили.

Кога станува збор за политички противници, тогаш „имаат чувство” и јавно им се закануваат со прогон и Обвинителство.

Никој не е над законот, ниту Груевски, ниту Мицкоски, ниту нивните заштитници.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

Можете да прочитате

Стружанец измамен за над 2000 евра

Муцунски ко-претседаваше со Регионалниот форум за одржлив развој за UNECE регионот во Женева

Во дом во Кавадарци пронајдена дрога, уапсено едно лице