Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова: Со премиерот Радев ќе трагаме по ново решение за деблокада на евроинтеграциите

Siljanovska davkova i radev.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека изборните резултати во Бугарија се очекувани и изрази надеж дека формирањето на стабилна влада предводена од Румен Радев ќе отвори простор за изнаоѓање решение за билатералниот спор. Според неа, досегашната нестабилност во Софија и честите промени на владите биле отежнувачка околност за градење на односите меѓу двете земји.

Претседателката истакна дека иако со Радев, како поранешен претседател, имале бројни несогласувања, сепак постои меѓусебна почит и подготвеност за дијалог, објави 4news.mk Таа смета дека високиот рејтинг и политичкиот авторитет на Радев можат да бидат клучен фактор во надминување на наталожените проблеми, бидејќи стабилната извршна власт овозможува похрабри и подобри решенија.


Во контекст на меѓународните прилики, Сиљановска-Давкова потенцираше дека драматичните промени во глобалниот безбедносен поредок ја прават ЕУ-интеграцијата на Балканот неопходна за стабилноста на целиот континент. Таа потсети дека земјава има стопроцентна усогласеност со европската надворешна и безбедносна политика, што дополнително треба да се вреднува во процесот на проширување.

„Очекувам да се видиме, да разговараме, се разбира со двете знамиња, и да трагаме по ново решение“, порача претседателката, нагласувајќи дека патот кон ЕУ сега бара стратешки пристап кој ја зема предвид не само економската конкурентност, туку и регионалната отпорност на надворешни влијанија. Таа заклучи дека силен лидер со голема граѓанска поддршка, како што е новиот бугарски мандатар, има капацитет да ги придвижи работите во позитивна насока.

Можете да прочитате

Мојсоска: Повеќе од една година лицата со хемофилија живеат во голгота поради недостиг на лекот ‘фактор 8’

За влез во Грција се чека по неколку часа

Филипче ќе посети земјоделци во Долни Балван