Утрински Весник
Скопје

Дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“

Policija Mvr2.png

Дојави за поставени експлозивни направи во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во Скопје пристигнале денеска на електронската адреса на Министерството за внатрешни работи, по што веднаш се преземени безбедносни мерки и започнати проверки на терен.

Од МВР информираат дека полициски екипи се на лице место и вршат детални контроли во објектите.


„На електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи. Полициски службеници преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри“, велат од МВР

Во меѓувреме, според сведоштво на посетител, во „Ист гејт мол“ се врши евакуација, а на граѓаните им било укажано да се оддалечат од објектот од безбедносни причини.

Слични дојави за бомби во трговски центри во Скопје се регистрираат во континуитет изминативе години и сите се покажаа како лажни. Досега, институциите не успеаја да го утврдат идентитетот на лицата што стојат зад овие закани.

Можете да прочитате

Граѓани снимиле камион како истура отпад во Аеродром, Општината изрече казна

Герасимовски: 149 млади центарци добија по 10.000 денари за возачка дозвола, продолжува поддршката од Општината

Меџити-Акташ: Зајакнувањето на институционалната соработка останува заеднички приоритет