Утрински Весник
Скопје

Дојави за бомби во „Ист гејт“ и „Дајмонд“

Policija Mvr2.png

Дојави за поставени експлозивни направи во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во Скопје пристигнале денеска на електронската адреса на Министерството за внатрешни работи, по што веднаш се преземени безбедносни мерки и започнати проверки на терен.

Од МВР информираат дека полициски екипи се на лице место и вршат детални контроли во објектите.


„На електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи. Полициски службеници преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри“, велат од МВР

Во меѓувреме, според сведоштво на посетител, во „Ист гејт мол“ се врши евакуација, а на граѓаните им било укажано да се оддалечат од објектот од безбедносни причини.

Слични дојави за бомби во трговски центри во Скопје се регистрираат во континуитет изминативе години и сите се покажаа како лажни. Досега, институциите не успеаја да го утврдат идентитетот на лицата што стојат зад овие закани.

Можете да прочитате

Поуреден и почист кеј: Град Скопје инвестира во нова урбана опрема

Герасимовски: По „Киро Глигоров”, фотоволтаици и во  училиштата „Коле Неделковски” и „Гоце Делчев”,  пониски сметки за струја и поодржлив Центар

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски нека оди на Бихаќка, кривичната пријава му е поднесена во време на СДС