Утрински Весник
Македонија

Дали изјавата на Мицкоски е кривично дело?

Kekenovski.jpg

Пишува:Јове КЕКЕНОВСКИ

Кривичната пријава на СДСМ против Христијан Мицкоски за изјава сведена на „имам чувство“ е пример како политиката се обидува да глуми право. Во кривичното право не постојат кривични дела засновани на перцепции, туку на конкретни дејствија, намера и докажливи последици.


Формулацијата „имам чувство“ по дефиниција е субјективна: не претставува наредба, не содржи закана и нема правно релевантен ефект. Како таква, таа сама по себе не може да биде основ за кривично гонење. За да постои кривична одговорност, мора да има конкретно дело предвидено во Кривичниот законик, умисла и реална штета или опасност, елементи кои во овој случај очигледно отсуствуваат.

Изјавата, колку и да е комуникациски несреќна, не претставува механизам за влијание врз правосудството ниту пак повик за дејствување. Да се квалификува ваков исказ како кривично дело значи или сериозно непознавање на правните стандарди или нивно свесно извртување за политички цели. Ова второто е повеќе од очигледно.

Затоа, оваа пријава нема суштинска правна тежина, туку претставува обид да се конструира случај таму каде што го нема. Целта не е правна разрешница, туку медиумски ефект односно градење јавен наратив за „политички прогон“ кој ќе се користи во домашната и меѓународната комуникација.

Во суштина, ова не е борба за правда, туку борба за перцепција, во која една изјава се пренадувува до ниво на „скандал“ за да послужи како политичко алиби за идни евентуални кривични прогони и дневен политички маркетинг. Реалниот политички ефект од пријавата за кратко време може да му донесе некој политички поен плус на СДСМ, но нејзиниот правен ефект ќе е минимален, ако не и никаков.

Она што е повпечатливо е моделот на дејствување: наместо суштински политички и правни позиции, се форсираат наративи изградени врз изолирани изјави и нивно медиумско засилување. Таквиот пристап повеќе укажува на реактивна политика насочена кон дневен ефект, отколку на конзистентна и стратегиски осмислена акција.

Ставовите искажани во „Колумни“ се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на „24инфо“. Одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Можете да прочитате

Муцунски од Анталија: Регионалната поврзаност е предуслов за развој и стабилност

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, и да почнат да бидат опозиција во Македонија

Од вторник доаѓа голем пад на температурите и врнежи