Утрински Весник
Македонија

Холандија донираше специјализирани возила за МВР

Xolandija donirase specijalizirani vozila za mvr zajaknuvanje na kapacitetite za granicni raboti i migracii image tmlv.jpeg

Заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во Министерството за внатрешни работи присуствуваа на примопредавање на донација од Кралството Холандија, претставувано од амбасадорот Озлем Џанел и генералниот директор на Службата за транспорт и поддршка при Министерството за правда и безбедност на Холандија, Ерик Де Брост.

Донацијата се состои од две специјализирани комбиња за превоз на затвореници и мигранти, наменети за Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност. На настанот му претходеше потпишување на Протокол за примопредавање од страна на директорот Јанев и генералниот директор Де Брост.


Заменик министерот Исени изрази благодарност за континуираната поддршка од Кралството Холандија, истакнувајќи дека оваа донација претставува значаен придонес во јакнењето на оперативните капацитети на Министерството.

„Со примопредавањето на овие специјализирани возила директно ја зајакнуваме оперативната подготвеност на нашите служби и ја унапредуваме меѓународната полициска соработка. Оваа донација не е само материјална поддршка, туку и силна потврда за довербата и партнерството меѓу двете земји“, истакна заменик-министерот Исени.

Тој додаде дека билатералната соработка со Кралството Холандија се реализира преку повеќе заеднички проекти насочени кон модернизација на полицијата, зајакнување на институционалните капацитети и унапредување на владеењето на правото.

Можете да прочитате

Дијалог за антикорупциски мерки во јавните набавки во здравството 

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство 

ЛДП со поддршка за културните работници: Културата е темел на идентитетот и развој на општеството